Политика за приватност

Мактек ДООЕЛ посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија.

Политиката за приватност Мактек ДООЕЛ (во понатамошниот текст: „Мактек“) содржи информации за видовите податоци кои може да ги собереме и задржиме при посета на нашата веб-страницата, како и на кој начин се користат и со кого се споделуваат тие податоци. Политика за приватност на Мактек го содржи и начинот на кој може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за овие податоци. Оваа Политика за приватност е во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и интерните акти на Мактек за регулирање на оваа област.

Кои ги собираме податоците?

Ние собираме податоци од Вас, од кои дел се Вашите личните податоци кои Вие доброволно ги давате при посета на нашата страница, додека другиот вид на податоци кои ги собираме за посетителите на нашата страница се т.н. пасивни податоци или податоци кои не се лични и кои се условени од природата на интернетот (технички информации за Вашето користење на услугата, производот или веб-сајтот, како што е Вашата IP адреса, домен, уред, грешките и активноста на хардверот).

За што ги користиме собраните податоци ?

Податоците кои ги собираме може да се користат заради повеќе причини и тоа:

да Ви ја обезбедиме бараната услуга, при што Ве идентификуваме;

да обезбедиме грижа за клиентите;

да Ве прашаме за мислење во врска со видовите на услуги кои ги нудиме;

да ги олесниме и проследиме Вашите пребарувања и барања за информации кога не контактирате во врска со видовите на услуги;

Дополнително собраните податоци се користат за:

да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашата веб-страница и услугите;

да се подобрат постоечките и создадат нови услуги, препораки, реклами и други комуникации;

за поддршка за корисници во случај на проблем при користењето на услугите.

Споделување на информации

Друштвото не ги споделува Вашите лични податоци на трети страни без Ваша согласност. Личните податоци може да се откријат само во согласност со закон.

Маркетинг

Преку нашата интернет страница имате можност да бидете информирани за услугите, новините и поволностите кои ги нуди Макетек. Добивањето на известувања од Друштвото може да се повлече со писмено барање во секое време.

Што правиме ние за да ги заштитиме вашите информации?

Работењето и постапувањето на Мактек во однос на заштитата на личните податоци на нашите клиенти е целосно усогласено со прописите за заштита на личните податоци во РСМ. Тоа подразбира целосно воведен систем на технички и организациски мерки за тајност и заштита на обработката на личните податоци. Во Мактек се спроведуваат повеќе редовни контроли од страна на надлежни државни органи, редовни внатрешни контроли, како и контроли од надворешни трети независни правни лица.

Колачиња („Cookies”)

Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство на веб страницата maktek.mk и не се поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле.

Колачиња (cookies) се податоци кои ги користат веб страните за да ги идентификуваат веб корисниците. Со помош на колачињата се следи движењето на посетителите на веб страницата maktek.mk и на тој начин се собираат податоци за подобро разбирање за користењето на веб страницата од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на веб страницата maktek.mk, но притоа не се користат личните податоци.

Сите информации што се меморираат во рамките на „Cookies“ може да бидат искористени само за потребите на интернет-услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена.

Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.

Макет ги чува „cookies“ до исполнување на целите за кои се собрани. Друштвото користи Google analytics како екстерен бројач на посети. Резултатите од овој бројач не се јавно достапни и се користат исклучиво за интерни статистички анализи.

Мактек, на веб страницата maktek.mk, користи неколку видови на колачиња при работењето на истата и тоа:

Неопходни колачиња:

Колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страната како навигација, статистика за посета на сајтот, оптимизација на содржината и слично. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб страницата.

Колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки.

Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во Вашиот интернет пребарувач, со цел да ги блокира или да Ве извести за овие колачиња, при што некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.

Колачиња за аналитика:

Колачиња кои ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме перформансите на веб-страната.

Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страната. Сите информации што ги собираат овие колачиња се агрегирани и анонимни.

Сесиски колачиња:

Овие се привремени колачиња, кои се зачувуваат во датотеката на колачето на вашиот Интернет-пребарувач, додека не ја завршите сесијата на вашиот Интернет-пребарувач.

Со кликање на копчето “Се согласувам” или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да ги зачуваме колачињата опишани во овој документ.

Доколку не сакате да користиме cookies како што е наведено погоре, или ако се премислите откако ќе се согласите со нашата употреба на cookies, можете истите да ги избришете преку вашиот пребарувач.

Прифаќање на условите

Со користењето на оваа веб страница, се согласувате, односно ги прифаќате одредбите во Политиката за приватност на Мактек. Ве молиме не ја користете нашата веб страница, доколку не се согласувате со оваа Политика.

Контактирајте не

Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност на Мактек при користењето на нашата веб страница, ве молиме контактирајте нè на Улица: 16та Македонска бригада бр.18 Скопје, тел: +389 70 252 269 или на aem@maktek.mk.

mk_MK